Македонија дуи

Ахмети на ТВ Топ Чанел-Албанија: Курти се меша во политичката сцена на Албанците

Ако се изгласат уставните измени, Северна Македонија и Албанија во рок од четири години ќе станат членки на Европската унија, ова е констатација на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.

Ако го смениме Уставот, Албанија и Северна Македонија ќе станат членки на ЕУ во рок од 4 години. Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и Северна Македонија со Брисел почнуваат промените внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото итн, истакна Ахмети.

Тој смета дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во Северна Македонија.

Тој се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, направи напори да ги приближи партиите во Северна Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап, истакна меѓудругото Ахмети на вечерашното гостовање во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.

Ахмети исто така смета дека јавната подршката на Албин Курти за претеседателскиот кандидат на Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година беше мешење во политичката сцена во Северна Македонија.

Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен, ниту патриотски, се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократсиот сојуз, му дадовме поддршка, во театар може да прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник, рече Ахмети.

Ахмети изјави дека по највите за делување на „Самоопределување“ во Северна Македонија – интерес пројави и меѓународната заедница.

Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови, нагласи Ахмети.

To top