Додека медиумите објавуват за инволвираноста на Ахмети и потесното му семејство (читај Дрин) во мега-аферата за проневера на пари од Фондот за иновации, врховниот командант на ДУИ покажа афинитети за видео-монтажа.
Претседателот на интегративците, Али Ахмети, кој едновремено се закани дека ќе им го земе лебоот на суфлерите (кога му суфлираше на Ковачевски од СДСМ на отворена сцена) сега истото го прави со професијата видео-монтажер. Али преку монтирано видео објавено на својот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди ни да го коментира писмото што му го испратил.
„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети под видеото.
На видеото се прикажани повеќе изјави на премиерот Мицкоски за Законот за јазиците, за укинувањето на балансерот, како и за укинувањето на Бадентерот, сите болни точки на Алија, кои истиот ги преставува како свој невиден успех.
Прашањето на познавачите е – Што тој реално, некогаш направил за Албанците во Македонија (без врхушката на ДУИ), освен празни, демагошки акти како наведените „закони“ и балансери, кои сега ги укинува судската, а не извршната власт?
Констатацијата на социјалните мрежи е дека од преголема досада во опозиција, без допир со тендери, грантови и проекти, Ахмети мора да си најде некаква занимација, па чуму не и видео монтажа?