Дали бизнис релациите на Ахмети и Груби се пресилни, па тој застана и против амбасадорката на САД, Анџела Агелер? Ова е логичното прашање откако лидерот на ДУИ излезе со следната изјава:
-Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (Демократската унија за интегација), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска, изјави денеска лидерот на ДУи Али Ахмети.
Контра него е изјавата на амбасадорката на САД, дадена вчера, кога таа порача јавно дека имаат цврсти докази за влијанија на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети во судски процес за екс шефот на УБК – Мијалков и истите се достапни, само треба македонските институции да постапат, порача Агелер..
Агелер не откри дополнителни информации за тоа која точно била улогата на Груби и Беџети во случајот со Мијалков, но вели ако можеле американските истражители да дојдат до докази можат и македонските органи.
„Не мора ние да даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции. Имате Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, имате судии и мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да ги контролираме властите што ќе направат. Но, очекуваме да има чекори во таа насока.“ – изјави вчера Анџела Агелер, амбасадарка на САД.
И покрај овој јавен и јасен поттик на Агелер до ЈО и Судот да отворат постапка против Груби, Ахмети продолжува да го брани, дали со тоа очебијно порачувајќи и на Агелер дека лаже и дека САД немаат докази за неговиот пулен и „десна рака“? Како поинаку да се сфати неприфаќањето на кажаното од амбасадорката, толкуваат познавачите за Курир. Дали Ахмети негира со ова дека САД имаат докази за криминалот на Артан Груби, отворајќи пат за негова невиност? Друга опција нема, велат аналитиачрите, вака Ахмети застанува против САД и кажаното од нивниот претставник во Македонија, отворајќи сомнеж дека кажаното од Агелер можеби и не е вистина.
На новинарско прашањее доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.
– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ, рече Ахмети.
Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.
Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.
Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.