Македонија дуи „позитивни“ на груби

Ахмети го „поздрави“ враќањето на Груби, ни збор за каљањето од СДС

„ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.“ се вели во смирувачкото соопштение на ДУИ кое ни малку не доликува на агресивната и арогантна ДУИ од минатото…

Ахмети го „поздрави“ враќањето на Груби, ни збор за каљањето од СДС

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Во него, ниту збор за нападите на СДСМ.

„Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните.

Имајќи го предвид високиот политички и јавен интерес за овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази“ценат од конструктивната ДУИ.

СДС, пак, денеска ги избербати:

Секој што го прекршил законот мора да одговара.

ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски (очебијни нус-ефекти од иљачот на Јон Шмрчко).

Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење.

Затоа им е потребен Артан Груби.

Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ.

Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога, а има камери за Груби?

Ова нема да помине.

Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во дел од УРНЕБЕСНИОТ исказ на Богданка и СДС, во кое точно е само тоа дека „Секој што го прекршил законот ќе одговара“, индолентен наратив срочен по налог на Венко и Заев. Што ли ќе признае Артан за пајташите од СДС, вреди да почекаме. Најавата од Бихаќка со пројавениот уплав е доказ дека пердуви ќе летаат, на сите страни.

Од ДУИ молк за нападите од Заев и Венко преку Богданка…

Најнови вести од Македонија

To top