-МЕ ЗАМОЛИ ДА ГО ОДНЕСАМ ВО БЕГРАД БИДЕЈЌИ НЕМАЛ ВОЗИЛО А НЕ МОЖЕЛ ДА ОБЕЗБЕДИ НОТАР ДА МУ СЕ ПРЕВЕДЕ ВОЗИЛОТО. ЈАС ВРСКА НЕМАВ ЗА ОВАА РАБОТА. ЗНАМ ДЕКА ТРЕБАШЕ ДА ОДИ ВО БЕЛГРАД, КАЖУВАШЕ ДЕКА ЗАКАЖАЛ ПРЕГЛЕДИ. АКО Е ТАКА, МУ РЕКОВ, ЌЕ ТЕ ОДНЕСАМ. НЕ ЗНАЕВ ЗА ОВИЕ РАБОТИ. ЈАС СЕ ВРАТИВ ВО СКОПЈЕ, ТОЈ ОСТАНА ЗАТОА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ИМА ПРЕГЛЕД ДРУГИОТ ДЕН И РЕЧЕ АКО Е СЕ ВО РЕД ЌЕ СЕ ВРАТИ НАЗАД. АКО НЕ Е ВО РЕД, РЕЧЕ ЌЕ ОДЕЛ ВО ИСТАНБУЛ. КОГА СЕ ВРАТИВ ПОЛИЦИЈАТА ПРАВАШЕ ПРЕТРЕСИ, МЕ ПРАШАА И ТОГАШ ИМ КАЖАВ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ СТОЈКОВ.
Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.
Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после сѐ се чувствува злоупотребено.
-ЈАС СУМ АДВОКАТ И АКО СУМ ЗНАЕЛ БИЛО ШТО СИГУРНО НЕМАШЕ ДА ГО НОСАМ, изјавил СТОЈКОВ ВО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР ЗА ТЕЛМА