Македонија врв на сдс хипокризијата

8 Mарт – ден кога Филипче барабар со тепач на жени маршираше против насилството врз жените?!

Да, на чудата во организација на Венко Филипче им нема крај. На протестот против насилство врз жените гордо маршираше и Љубомир Фрчковски, гласно скандирајќи против тепање на жените. Колку и да звучи комично приказната „крадецот вика фатете го крадецот“, но дали во случајот со Фрчковски „тепачот на жени вика не тепајте ги жените“, звучи трагично, звучи поразително, дегутантно, па нека е и во режија на Венко Филипче?!

8 Mарт – ден кога Филипче барабар со тепач на жени маршираше против насилството врз жените?!

Венко Филипче пропушти уште една шанса да покаже лидерство и да го тестира членството. Празник, како 8 Март иако идеален за организирање митинг, протестен марш и слична форма на партиско делување не беше препознат од Филипче како одлична можност да застане на чело на членството, пред се жените и да ги води на протест против фемицидот и барање права за понежниот пол.

Можноста за партиска промоција ја препозна и претседателката на форумот на жени на СДСМ Каја Шукова, која опкружена со партиските другарки јавно најави протестен марш, додуша со копирана кампања од северниот сосед.

И се тука е во рамките на легитимната партиска борба.

Но, Филипче повторно го урниса авторитетот на своите партиски функционери. По промената на парискотото раководство во два наврата поради изборните катастрофи, Филипче повторно не ја препозна својата нарцисоидност „јас, па јас“ и овој пат ја посрамоти својата претседателка на форумот на жени, откажувајќи го протестниот марш и придружувајќи се кон тој на граѓаните и невладиниот сектор. Кој знае како се чувствувала кутрата Каја Шукова, кога слушнала дека протестот и е откажан, а црвената боја на рацете уште и била неизмиена.

Повторно, во желбата за самопромоција, лично Филипче се појави на вонредна прес конференција, небаре Македонија е нападната од Иран, или зградата на Заев во Дубаи е погодена од иранска ракета.

Својата срамота од неможноста да го мобилизира членството ја сокри валкајќи уште еден партиски функционер. Според проверениот рецепт на својот ментор, Филипче се шлепаше на граѓаните и невладините, засилени со по некој од омилените ликови на Заев од „шарените“.

Но, неможноста за мобилизација на партиското членство не е најголемиот грев, ниту присуството на „шарените“, туку ликот кој не само што е омрзнат во јавноста, туку е и докажан криминалец, екс корумпиран функционер, тепач на студенти и најстрашното, тепач на сопствена и други жени.

Да, на чудата во организација на Венко Филипче им нема крај. На протестот против насилство врз жените гордо маршираше и лустрираниот Љубомир Фрчковски, гласно скандирајќи против тепање на жените. Колку и да звучи комично приказната „крадецот вика фатете го крадецот“, но дали во случајот со Фрчковски „тепачот на жени вика не тепајте ги жените“, звучи трагично, звучи поразително, дегутантно, па нека е и во режија на Венко Филипче?!

Колку ли е голем очајот на лидерот на СДСМ, ако на еден граѓански марш лично го повика членството на протест, а не му доаѓа никој освен неколку функционери и во јавноста познатиот силеџија Фрчковски? Дали, така случајно,  е ова истиот лик -насилник за кој првата сопруга сведочеше дека ја тепал често и тоа пред децата?

П.С.
Сите сличност со последните случај на родово и семејно насилство се „сосема случајни“, нели?

Или, и не се баш така случајни?

Најнови вести од Македонија

To top