Македонија анализа

78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1500 денари кои владата на СДСМ и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите само неколку месеци

Деветтиот антикризен пакет кој го презентираше Ковачевски опфаќа помош за пензионерите, основците, средношколците, студентите како и лицата со попреченост.

78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1500 денари кои владата на СДСМ и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите само неколку месеци

Реална помош или обид за изборен поткуп на само неколку месеци пред одржување на парламентарните и претседателски избори е вистинското прашање откако вчера премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција најави дека на владина седница е донесен нов антикризен пакет со 26 мерки.

Деветтиот антикризен пакет кој го презентираше Ковачевски опфаќа помош за пензионерите, основците, средношколците, студентите како и лицата со попреченост.

Како што најави Ковачевски од први декември владата ќе дава помош од 1500 до 3000 денари за пензионерите во следните 5 месеца, основците и средношколците 7 месеца ќе добиваат од 1200 до 1800 денари, студентите во следните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучер од 600 до 1.200 денари, а околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз.

Додека пак по 2.000 денари месечно во наредните пет месеци ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, како и родители на деца со попреченост до 26 години.

За граѓаните овој антикризен пакет претставува изборен поткуп отколку реална помош, имајќи во предвид дека додека владата им дава само “трошки“ на пензионерите, студентите и средношколците платата на Ковачевски и министрите во владата на СДСМ и ДУИ е покачена од април за цели 78 проценти или по над 1000 евра повисоки плати.

И додека владата на СДСМ и премиерот Ковачевски го користи државниот буџет за поткуп, според податоците на официјалните институции и одлуката на Уставен суд со коефициент 4,5 помножен со минатогодишната бруто-плата која изнесуваше 47.000 денари, премиерот Ковачевски кој до март месец земал плата од 88.260 денари, изминатите 9 месеци зема плата од 156.000 денари, или за цели 67.740 денари покачување.

Шефот на државата Стево Пендаровски кој земал 92.000 денари се до одлуката на Уставен суд, со 78 процентното покачувањето на сметка месечно му легнуваат 165.000 денари, односно со покачувањето од над 1200 евра, сега платата му се пресметува на над 2.600 евра месечно.

Највисока плата со покачувањето од 78 проценти зема и спикерот на Собранието, Талат Џафери со 166.000 денари месечно.

Ова значи дека со покачувањето од над 1000 евра, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Ковачевски и шефот на државата Пендаровски ќе добијат зголемување на платата од над 50 евра повеќе за секој работен ден.

Инаку, функционерските плати ќе продолжат да растат и следната година, односно ќе бидат поголеми и до 400 евра бидејќи според законот тие растат согласно растот на просечната плата во државата.

Па така ако се земе просечната плата исплатена во јули годинава, и додаденото искуство би излегло дека првиот човек на државата Пендаровски со 33 години работно искуство би земал околу 190.000 денари, што е повисоко за околу 30.000, а платите ќе растат и на Ковачевски, Џафери, Груби и останатите функционери во владата на СДСМ и ДУИ.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со покачувањето има плата од 153.037 денари, речиси иста како и на премиерот, со што ќе се додадат дополнителни 20 отсто за извршување на функцијата. Секоја наредна функција има нешто помал коефициент, но новите плати ќе изнесуваат над 2.000 до 2.500 евра.

Вицепремиерите Грковска, Битиќи, Груби, Маричиќ и министерката за одбрана Петровска во џебовите со покачувањето од 78 проценти изминатите 8 месеци, си ставаат по 35 до 40 евра повеќе за секој работен ден.

Според Министерството за финансии со покачувањето од 78 проценти за функционерските плати годишно од буџетот ќе се издвојуваат најмалку по 5 милиони евра.

Инаку, промовирањето на овој антикризен пакет на мерки за помош на власта на СДСМ доаѓа само еден ден потоа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиски настан објави дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5000 денари, барање кое произлегува токму од пензионерите кои изминатите 4 месеци протестираа низ улиците и бараа покачување на пензиите. Но, бидејќи власта немаше слух за нивните барања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека ова барање ќе се исполни, бидејќи тие заслужуваат своите пензионерски денови да ги поминуваат наместо на улиците, дома со своите семејства.

Револт има и кај студентите кои сметаат дека таканаречената помош од 1500 денари не значи помош, туку нивно потценување, бидејќи цела година протестираа и ја молеа владата на СДСМ и премиерот Ковачевски, да ги исполни нивните барања односно наместо 120 денари да изнесува 140 денари, бидејќи во услови на двоцифрена инфлација не им се доволни за бурек и јогурт, а не пак за здрав оброк.

Па така ова краткорочната помош на владата на СДСМ за пензионерите, студентите и средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1500 денари кои владата и премиерот Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите, е само уште еден неуспешен обид за масовен изборен поткуп преку користење на државните ресурси.

Најнови вести од Македонија

To top