Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) Скопје, подготви анкета за потребите на МРТ, за претстојните локални избори конкретно за состојбата во општина Велес.
Според испитаниците, 24.2% сметаат дека општина Велес се движи во целосно правилна насока, додека пак 34.6% од нив велат дека насоката е донекаде правилна.
На прашањето, Дали споредено со изминативе неколку години животот во Велес сега е подобар или полош, 29.7% сметаат дека е донекаде подобар, додека пак 14.4% од испитаниците сметаат дека е многу подобар.
Според испитаниците, во наредните неколку години животот во Велес многу ќе се подобри сметаат 12.9%, додека пак 31.9% сметаат дека донекаде ќе се подобри.
Граѓаните очигледно сметаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ добро се справува со проблемите и предизвиците на граѓаните, а за тоа се показател и 31.4% од испитаниците кои сметаат дека локалните избраниците на партијата подобро ги решаваат проблемите на своите општини.
На прашањето, која политичка партија најдобро би се справила со проблемите во општина Велес, 31.4% од испитаниците сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, додека 9.8% сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.
8.4% од испитаниците се изјасниле за Левица, а 2.2% кажале дека тоа ќе биде друга политичка опција.