Македонија 18 конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Конгресот го води потпретседателот на партијата Владо Мисајловски

18-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го води потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.

18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Конгресот го води потпретседателот на партијата Владо Мисајловски

Во Кавадарци денеска под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

18-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го води потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.

На Конгресот присуствуваат околу 2600 лица, од кои над 800 се делегати, а останатите гости.

Христијан Мицкоски е предложен како единствен кандидат за кормилото на партијата и се очекува на денешниот Конгрес да биде потврден неговиот нов четиригодишен мандат на чело на партијата.

На конгресот едногласно беше усвоен документот „Ново поглавје Стратегија: Македонија 2030″, што станува основната програмска рамка за дејствување на партијата до 2030 година.

Избрана е и изборната комисија за спроведување на изборот за претседател на ВМРО ДПМНЕ. За претседател е избран Зоранчо Јованчев, а членови се Мевмед Џафери, Сашо Клековски, Марија Митева, Ристе Симеонов, Владимир Нелоски и Жаклина Пешевска.

Изборната комисија е задолжена да ги провери формално-правните услови за кандидатура и да ја спроведе постапката за гласање.

Најнови вести од Македонија

To top