Македонија Возачот избегал

15 мигранти од Египет и Сирија пронајдени во Македонија

Лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.   

15 мигранти од Египет и Сирија пронајдени во Македонија

Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полицисе службеници.

Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија.

Лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.

To top