Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се осум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштија од МВР.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.