Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера ја посет Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Ова место за многумина е првата врата кон светот на книгите и љубовта кон пишаниот збор, објави министерот.
Министерот остварил средба со директорката и вработените и разговараврале за тековните активности, предизвиците и идните планови за модернизација и дигитализација на фондот.
Вистинската грижа за културата започнува токму овде – во библиотеките, каде се градат идните генерации читатели. Мојата обврска останува јасна: поддршка за овие институции и услови што ќе ја направат културата подостапна за сите. Битола го заслужува тоа. И ќе работиме тоа да го овозможиме, потеnцира Љутков.