Култура изложба „Мирот започнува со насмевка“

Љутков: Овој наслов ја носи суштината на пораката на Мајка Тереза

Љубовта, добрината и мирот започнуваат од мали, но искрени гестови, рече Љутков.

Љутков: Овој наслов ја носи суштината на пораката на Мајка Тереза

Големо е задоволството што токму на денот кога ја одбележуваме 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во нејзината спомен-куќа ја отвораме изложбата со наслов „Мирот започнува со насмевка“. Овој наслов ја носи суштината на нејзината порака дека љубовта, добрината и мирот започнуваат од мали, но искрени гестови, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Спомен-куќата на Мајка Тереза претставува значајна музејска институција под надлежност на Министерството за култура и туризам. Таа не е само место на сеќавање туку и простор за инспирација и промоција на вредностите што таа ги застапуваше.

Големо е задоволството што токму на денот кога ја одбележуваме 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во нејзината…

Posted by Зоран Љутков on Tuesday, August 26, 2025

„Мајка Тереза е симбол на хуманоста, а денес, освен што со оваа изложба ја чествуваме нејзината оставина, во Собранието на Македонија ќе биде доделена и државната награда „Мајка Тереза“ на личности кои со својот хуман ангажман го следат нејзиниот пример, Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и ендокринологот д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Нашата обврска како општество е да ги негуваме и да ги пренесуваме пораките на Мајка Тереза на новите генерации, а Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите што ги промовираат универзалните вредности – љубовта, солидарноста и мирот“, потенцираше Љутков.

Тој додаде дека на крајот ги повикува сите да ја посетите изложбата и да се потсетиме дека насмевката е првиот чекор кон подобар и похуман свет.

Најнови вести од Култура

To top