Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска престојува во посета на Република Бугарија, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.
Во рамките на посетата, како што соопшти Министерството за култура, министерот Љутков претпладне ќе оствари прва билатерална средба со министерот за култура на Бугарија Најден Тодоров, со кого ќе разговара за досегашната соработка и за можностите за унапредување на културните врски меѓу двете држави.
Во вечерните часови, министерот Љутков ќе присуствува на настапот на Националната опера и балет, која во Софиската опера и балет ќе го изведе моќното ремек-дело, операта „Набуко“ од Џузепе Верди.