Култура трета и трајна

Љутков: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република со нова музејска поставка

Културата и историјата мора да бидат живи и достапни и дека Крушево тоа го заслужува, рече Љутков.

Љутков: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република со нова музејска поставка

Министерот за туризам и култура Зоран Љутков, при посетата на Крушево изврши увид во подготовките за ставање во функција на Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република.

По повеќе од една деценија чекање, овој значаен објект конечно ќе биде отворен за јавноста, со нова трета трајна музејска поставка, чиј автор е д-р Зоран Богески, виш кустос во НУ Историски музеј, Крушево.

Објектот, чија реконструкција започна во 2012 година, беше завршен во 2017, но до денес остана надвор од функција. Во текот на октомври очекуваме конечно да му дадеме нов живот и да го вратиме на граѓаните и посетителите. Дополнително, направив увид и во Музејот Леарница, за кој оваа година се предвидени 200.000 денари за санација на кровната конструкција, партерот и столаријата. По четири години пауза, овој објект наскоро повторно ќе биде отворен за посетителите, истакна министерот Љутков.

Тој потенцира дека културата и историјата мора да бидат живи и достапни и дека Крушево тоа го заслужува.

При посетата на Крушево извршив увид во подготовките за ставање во функција на Музејот на Илинденското востание и…

Posted by Зоран Љутков on Thursday, September 11, 2025

To top