Денес, со почеток во 12:00 часот, во хотел „Панорама“ во Крушево, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, ќе оствари билатерална средба со својот колега, министерот за култура на Р. Србија, Никола Селаковиќ.
Во рамки на средбата двајцата министри ќе ја потпишат и новата Програма за соработка во областа на културата меѓу двете земји за периодот 2026-2030 година.
Настанот претставува значаен чекор во унапредувањето на пријателските односи и заедничките културни вредности на Македонија и Србија.