Култура Гратис билети

Бесплатни претстави во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите, соопштуваат од НУ Македонски народен театар.

Бесплатни претстави во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Македонскиот народен театар, по повод 27 март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Првата е детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот.

Втората бесплатна е претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.

Од НУ Македонски народен театар, ги повикуваат љубителите на театарот да повелат на театар и ги информираат дека Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

To top