Вести

Израелските сили ги интензивираа нападите во Појасот Газа

Израелските сили денеска ги засилија нападите врз Газа и жестоки борби се водат во Џабалија на север, додека тенковите напредуваат подлабоко во Рафа на југ.

Лекарите рекоа дека најмалку петмина Палестинци загинале кога биле погодени куќи во Џабалија, а се верува дека другите се под урнатини. До таа област не може да се дојде поради бомбардирањето, пренесуваат агенциите.

Израелските напади врз северниот и јужниот дел на Појасот Газа овој месец раселија стотици илјади Палестинци и ги прекинаа главните патишта за пристап до помош, што доведе до страв од глад.

Жители на Џабалија изјавија дека тенковите го уништиле локалниот пазар, а булдожерите уриваат продавници и куќи.

Военото крило на Хамас соопшти дека неговите борци нападнале три тенкови таму.

To top