Вести еден од начините за неутрализирање на хамас

Израелската војска официјално призна дека вбризгува морска вода во тунелите во Газа

Израелската армија (ИДФ) денеска и официјално соопшти дека пуштала морска вода во одредени тунели во Појасот Газа, за што медиумите извесуваа веќе неколку недели.

Израелската војска официјално призна дека вбризгува морска вода во тунелите во Газа

Неколку единици на ИДФ и претставници на израелското Министерство за одбрана заеднички развија „алатки за вбризгување вода со голем проток во тунелите на Хамас во Појасот Газа“, соопшти војската, додавајќи дека тоа е „дел од алатките што ИДФ ги има за да се справи со тунелите“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека не се поплавени сите тунели и дека процесот вклучува прицврстување пумпи и цевки на „соодветните тунелски шахти за извршување на задачата“.

Војската, исто така, рече дека пред да го поплави тунелот, спроведува „професионални и сеопфатни“ превентивни проверки, вклучително и анализа на системот на почвата и водата во областа, за да се осигура дека подземните води не се контаминирани.

Поплавувањето на тунелите е само еден од методите за неутрализирање на подземните способности на Хамас, истакнуваат од ИДФ. Израелската војска вели дека другите методи вклучуваат „воздушни напади, подземни маневри и специјални операции со технолошки средства“.

Волстрит џурнал во декември објави дека ИДФ почнала да пумпа морска вода во системот на подземни тунели на Хамас. Една недела подоцна, „Тајмс оф Израел“ дозна дека тестирањето било успешно.

To top