Вести на мајтапот му нема крај

И ХРВАТИТЕ СЕ МАЈТАПАТ СО НАЈТАЖНАТА ЕЛКА НА СВЕТОТ: Ја споредуваат со кривата кула во Пиза (ФОТО)

За жал, новогодишната елка од нашиот главен град стана тема на потсмев не само во српските медиуми, туку веќе веста стигна дури и до Хрватска…

И ХРВАТИТЕ СЕ МАЈТАПАТ СО НАЈТАЖНАТА ЕЛКА НА СВЕТОТ: Ја споредуваат со кривата кула во Пиза (ФОТО)

Најтажната елка на светот стана хит и во хрватските медиуми.

За жал, новогодишната елка од нашиот главен град стана тема на потсмев не само во српските медиуми, туку веќе веста стигна дури и до Хрватска…

Хрватскиот „Јутарни“ пишува дека во добата од годината кога сите градови се натпреваруваат кој ќе биде поукрасен и ќе има поубава новогодишна елка, тоа не е случај со божиќната елка во Скопје.

Тие пишуваат дека елката со денови е потсмев на граѓаните, а освен тоа таа е накривена, не доукрасена и нема ниту врв, споредувајќи ја со кривата кула во Пиза.

Освен тоа вчера речиси сите српски медиуми ја пренесоа веста за нашата несреќна елка велејќи дека кога сте тажни сестете се на новогодишната елка во Скопје.

To top