Хроника

37-годишен жител на Соколарци починал од струен удар

Како што информира МВР, се работи за С.М. (37). Несреќата се случила вчера наутро околу осум часот, а била пријавена во 09:50 часот во Полициската станица – Кочани.

Жител на селото Соколарци починал откако добил повреди од струен удар додека изведувал градежни работи на објект кај селските гробишта.

Како што информира МВР, се работи за С.М. (37). Несреќата се случила вчера наутро околу осум часот, а била пријавена во 09:50 часот во Полициската станица – Кочани.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено на обдукција.

Најнови вести од Хроника

To top