Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“.
Пријавениот, на 27.02.2024 во семејната куќа во гостиварско село физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ нанел телесни повреди.