Носителот на листата кандидати за советници во Општина Липково, Зекирија Шахини, е лицето во кое денеска беше пукано пред зградата на Општина Куманово, пренесе кумановскиот портал Кумановски муабети.
-Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.