Хроника „Загрозување на сигурноста“

Затвореник испраќал закани кон неговите мајка и брат

Преку електронски пораки упатил закани кон неговата мајка и неговиот брат.

Затвореник испраќал закани кон неговите мајка и брат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 16.01.2024 и на 21.01.2024, пријавениот, кој во моментот се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, преку електронски пораки упатил закани кон неговата мајка и неговиот брат.

To top