Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 16.01.2024 и на 21.01.2024, пријавениот, кој во моментот се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, преку електронски пораки упатил закани кон неговата мајка и неговиот брат.