Хроника се возело без кацига, без дозвола...

За шест часа казнети 232 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 232 возачи.

Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести од Хроника

To top