На 01.01.2025 во 01.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26), Л.С.(22), А.С.(21) и Л.М.(21), сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информира МВР.
Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.