Гостиварката Р.С.(32) од Гостивар вчера пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал.
Од СВР Тетово информираат дека вработениот бил спречен од негов колега да продолжи со нападот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.