Хроника Во Кочани

Возач тешко повреден, со автомобил удрил во паркирани возила на авто плац

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани.

Возач тешко повреден, со автомобил удрил во паркирани возила на авто плац

Дваесет и седум годишниот С.Л. од село Костин Дол, општина Македонска Каменица е тешко повреден во несреќа која се случила на авто плац во Кочани.

-На 30.11.2023 во 23.02 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

To top