Хроника тешко повредени уште 3 лица

Во синоќешната сообраќајна несреќа пред ГП Табановце загина 49-годишна кумановка

Четириесет и деветгодишна жена од Куманово е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Таановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска полицијата.

Во синоќешната сообраќајна несреќа пред ГП Табановце загина 49-годишна кумановка

Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

To top