Хроника фрчат казни

Во Куманово казнети 85 возачи, 16 биле без возачка дозвола

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Во Куманово казнети 85 возачи, 16 биле без возачка дозвола

Вкупно 85 возачи се казнети денеска, од 9:30 до 16:30 часот, на територија на општина Куманово во акциска контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Како што соопшти МВР, 16 возачи се казнети за возење без возачка дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, а четири санкции се за управување моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. 23 санкции се за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет мерки за управување со брзина поголема од дозволената…

To top