Дојава за бомба пристигнала утрово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на дојавата се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за Курир потврди дека добиле пријава, а по извршените проверки од страна на полициските екипи утврдено е дека се работи за лажна дојава.