Хроника мажот е уапсен

Ужас во струмичко: Ја повредил сопругата, па се обидел со шприц да и стави непозната течност во устата

Ужас во струмичко: Ја повредил сопругата, па се обидел со шприц да и стави непозната течност во устата

На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на селото.

-Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата, информира МВР.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Најнови вести од Хроника

To top