На 24.02.2024 во Полициската станица Бит Пазар бил извршен службен разговор со Е.М.(42) и Ф.М.(37), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека ја малтретирале нивната малолетна ќерка.
Известен бил Јавен обвинител и Центарот за социјална работа каде билa предадена малолетничката за нивна понатамошна надлежност.
По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик – „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.