Хроника МВР

Уапсено лице од Кичево со утврдени 2,19 промили алкохол во крвта

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, потенцираат во соопштението.

Уапсено лице од Кичево со утврдени 2,19 промили алкохол во крвта

Вчера во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top