Хроника МВР

Уапсени двајца од село Марена превезувале дрва без документација

Уапсени двајца од село Марена превезувале дрва без документација

На 17.01.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.А.(27) и Е.А.(37) од село Марена, кавадаречко.

При извршување службени задачи во село Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.А., а сопатник бил Е.А., при што биле пронајдени и одземени огревни дрва без соодветна документација и без жиг.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top