На 12.07.2025 во 00.44 часот во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода М.Т.(36) од Македонски Брод.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер” со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое М.Т. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
Лицето е исклучено од сообраќај и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.