На 10.12.2024 во 16.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар, го лишиле од слобода М.Ш.(18) од Гостивар.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговите родители дека агресивно се однесувал кон нив, оштетил дел од покуќнината, физички ја нападнал неговата мајка и го оштетил нивното возило во дворот, информираат СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.