Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З.Ј..
-Тој претходно бил пријавен од неговата 36-годишна сопруга дека во куќа во тетовско село, каде престојувале, физички ја нападнал и и се заканувал. При лишувањето, од З.Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на неговиот дедо, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.