Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 22:30 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот тетовец С.А..
-Тој, претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.