Хроника следува соодветна пријава

Уапсен скопјанец, избодел жител на Сопиште кај Стоковна куќа „Мост“

Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица.

Уапсен скопјанец, избодел жител на Сопиште кај Стоковна куќа „Мост“

На 08.10.2025 во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје.

-Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани, информира МВР.

Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top