На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.