Хроника

Уапсен млад маж: Агресивно се однесувал кон мајка си, сакал да го нападне братот

Уапсен млад маж: Агресивно се однесувал кон мајка си, сакал да го нападне братот

На 15.03.2024 во 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Е.(28) од Кочани.

-Во семејниот дом тој агресивно се однесувал кон неговата 57-годишна мајка и се обидел физички да го нападне неговиот брат, информира МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top