На 09.12.2024 во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Д.(46) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга од Демир Капија, дека пред нејзиниот дом ѝ се заканувал со остар предмет, информира МВР.
Предметот бил одземен, а при преглед кај него била пронајдена и одземена растителна материја.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.