Денеска во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско.
-Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари, информираат од СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.