Имено, по добиена судска наредба од страна на полициските службеници бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Чаир, при што биле пронајдени три пакувања со кафеава прашкаста материја (хероин) во вкупна тежина од околу 14 грама, дигитална вага и поголем износ пари.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.