Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.08.2024 во близина на патарина во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.