СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.А.(48) и А.А.(51), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 21.01.2024, А.А. се договорил со друго лице за купопродажба на стан.
Подоцна, со лажно прикажување на факти, оштетениот бил доведен во заблуда и на Н.М.А. преку банка уплатил 810.000 турски лири и на тој му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од околу 3.321.000 денари.