Хроника Полициски билтен

Турчин со возило удрил во контејнери и автомобил – избегал, но полицијата набрзо го фати

М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.

Турчин со возило удрил во контејнери и автомобил – избегал, но полицијата набрзо го фати

На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки.

М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести од Хроника

To top