На 26.10.2024 вo 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ул.„1“ во с.Батинци, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од с.Цветово,скопско, удрило во пешакот Ф.И.(83) од с.Батинци,скопско.
Во несреќата од здобиените повреди починал Ф.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Со телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.